Јаќоски: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Декември 2018
Со задоцнување од еден ипол час во Кривичниот суд почна рочиштето за случајот „Монструм" на СЈО.
Причина за пролонгирањето беше вклучениот аларм во новата зграда на Кривичниот суд. Поради неможноста да се исклучи алармот, беше прекинато снабдувањето со струја во судот. По надминувањето на проблемот, вработените, обвинетите и нивните бранители, кои чекаа пред зградата на судот, се вратија во судниците.
На денешното рочиште за „Монструм" исказ даваат балистичари и лекари од судска медицина. Професорот од Институтот за судска медицина Златко Јаќоски пред судот кажа дека тој заедно со професор Билјана Јаневска вечерта биле на увид на местото на петкратното убиство кај Смилковското езеро.
– Петте жртви се убиени каде што беa пронајдени и во брз временски период, рече Јаќоски, додавајќи дека жртвите починале од повеќе огнострелни повреди, а траги од крв имало под нивните тела што укажувало дека местото на настанот бил токму таму.
Јаќоски рече дека телото на рибарот Борче Стефановски било пронајдено до автомобилот со лицето свртено кон возилото, а во рацете имал клучеви. На хаубата од возилото било најдено мозочно ткиво.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс