Општина Виница го зголемува буџетот за 2019 година, се очекуваат повеќе приходи од продажба на градежно земјиште

Локалната самоуправа на Виница го планира буџетот за наредната година  во висина од 102 милиони денари, што е за околу десет отсто повеќе споредено со просекот од последните три години, а во согласност со добиената одредба од Министерството за финансии.

 

Во вкупната сума влегуваат и 20 милиони денари, што Општина Виница ги доби од Владата за раздолжување на старите долгови.

 

-По подолг период во наредната година очекуваме да оствариме значителни приходи од продажба на државно градежно земјиште. Ќе понудиме парцели за индивидуално и колективно домување, а веќе имаме и заинтересирани компании кои сакаат да градат производствени капацитети. Дел од капиталните инвестиции се договорени, а една од најголемите е изградба на социјална зграда за која е изработена техничката документација и во почетокот на идната година ќе се спроведе тендерска постапка за избор на фирма што ќе ја гради, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

 

Нацрт-буџетот на Општина Виница веќе помина неколку јавни расправи со преставници од месните заедници и од институциите, а идната недела на редовна седница за него ќе одлучуваат членовите на општинскиот Совет. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.