Во Кривопаланечко снежна покривка од 10-тина сантиметри, патиштата проодни

Снегот кој интензивно паѓа во Крива Паланка од девет часот утрово на местата на надморска височина од над 1.000 метри формираше снежна покривка од десетина сантиметри.

 
Според информациите од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, Крива Паланка, освен превентивната забрана за движење тешки товарни возила на патот Крива Паланка-граничен премин со Бугарија, Деве Баир, засега сите локални и регионални патни правци во општината се проодни.
 
 
– Снегот почна да паѓа околу девет часот утринава, коловозите во реонот на општината и околните места се проодни, сообраќајот се одвива во зимски услови, но нема никакви проблеми засега.Нс повисоките места, селата Неравенки,Огут, Луке, Трново,Добровница, Дренак, Калин Камен и други, висината на снежната покривка е над десет сантиметри, додека во пониските делови е околу петсантиметри. Врнежите се очекува кон крајот на денот да запрат, изјави Зоки Павловски од ПЕ на ДЗС, Крива Паланка.
И во општина Ранковце паѓа снег, а според информациите од градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, иако интензивно паѓа снег веќе четири часа, патиштата се проодни.
 
 
– Отежнати околности за одвивање на сообраќајот нема, во повисоките места , селата П’клиште, Станче, Гулинце, Криви Камен, Баратлија снежната покривка е над десет сантиметри, но сите локални патишта се проодни засега, а прооден е и регионалниот пат Ранковце – село Герман, информира Тошевски.
 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.