All for Joomla All for Webmasters

Автомобил излетал од патот кај Варвара

Автомобил марка „голф" вчера излетал од коловосот во атарот на село Варвара при што со тешки телесни повреди се здобил возачот на автобомилот.

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 12,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во атарот на село Варвара, патничко моторно возило „Голф" со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(54) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело.

 

Д.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники "Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

 

Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.