Казна до 700 евра ако не се кастрираат домашните миленици

Високи казни за оние кои нема задолжително да ги кастрираат своите домашни миленици, ова е клучната измена во Законот за заштита и благосостојба на животните, предложен од страна на група пратеници од власта, со кој тие се убедени дека ќе се намали бројот на улични кучиња.

 

Како што е наведено во појаснувањето, измените се предлагаат за да се спречи неконтролираното и неограничено зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел, како што стои, потекнуваат од размножување на домашните миленици.

 

Во членот 27 од постоечкиот Закон, се предлага вметување на нов член, кој гласи: Сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во установите од ставот (1) на овој член, освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.“

 

Се предлага казна од 100 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ги кастрираат и ојаловат своите миленици, како и зголемување на глобите за правни лица од 100 на 700 евра, доколку ги прекршат одредбите од член 27 од Законот, односно ако не го пријават своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, потоа ако не истакнат табла која укажува на присуство на куче, ако на јавни места не ги држат на поводник, потоа ако не го пријават леглото во ветеринарна амбуланта и ако не ги пријават лицата кои ги вдомиле.

 

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на милениците што го предлага Агенцијата за храна и ветеринарство се забранува неконтролирано размножување и продажба на миленици, се забранува продажба на мачки и кучиња во продавниците за миленичиња, како и продажба на овие животни на малолетни лица.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.