Берово го доби првото новороденче во 2019 година

Првороденото дете во Берово за 2019 година е машко, што според Беровци навестува богата и бериќетна година.
 
 
Четири часа по полноќ, на 6 јануари, во Здравствениот дом во Берово, мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година.
 
 
-Бебето е родено со тежина од 2 килограми и 550 грама и со должина од 48 сантиметри. Тоа е родено точно на Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос, што навестува бериќет и плодна година за Берово, информираат од Здравствен дом Берово.
 
 
Како награда за првородено дете на територијата на Општина Берово во новата 2019 година, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски од Буџетот на општината ќе одвои шест илјади денари.
 
 
-На мајката Јулија и честитам за нејзината рожба, а на новороденчето му посакувам, пред се добро здравје, многу среќа и долг живот. Приликата ја користам на младите да им порачам, оваа година, да биде година, во која ќе ги прошируваат своите смејства. Во традиционалното семејство, децата се најголемо богатство. Зголемувањето на наталитетот е приоритет на локалната заедница, која подржувајќи ги владините политики ги стимулира и помага многудетните семејства, истакна Пекевски.
 
 
За новороденчињата кои беа родени во изминатата 2018 година, општината од Буџетот издвоила финансиска поддршка во висина од над 100 илјади денари. Како што најавија од општината оваа поддршка ќе продолжи и во текот на оваа година. 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.