All for Joomla All for Webmasters

СДСМ: Не се работи за нови вработувања, туку за обновување договори

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионализацијата на институциите и затоа шири лажни вести

 

Партизиција на администрацијата и масовни вртаботувања заради партиски потреби во изборни цели беше одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

 

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.

 

Според јавно достапните информации, не станува збор за никакви нови вработувања како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку се работи за обновување на договорите на веќе вработени лица кои што во овој период се истечени и потребно е нивно продолжување.

 

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешниот реформски процес во администрацијата што обезбедува независни, професионални и ефикасни државни институции киоишто работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партии или поединци.

 

Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

Центар за комуникации со јавноста 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.