Зголемен број на скршеници и повреди во Тиквешко како последица на снегот и мразот

Зголемен број на скршеници и повреди како последица на снегот и мразот има деновиве во Тиквешко. Оваа информација за МИА  ја потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед и раководител на хируршкото одделение при регионалната болница во Кавадарци.

 

-Имаме повеќе прегледи и интервенции од вообичаено. Станува збор за скршеници на екстремитети кои се најчести кај повозрасни пациенти и набиеници по глава и тело кај помлади лица. Бележиме и две фрактури на потколеница кај деца од 12 и 14 години, добиени при санкање, појасни докторот од јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност.

 

Тој апелира при лоши временски услови граѓаните без итна потреба да не излегуваат. Или, ако веќе се излегува, да се носат соодветни обувки, за да се избегнат несакани последици. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.