All for Joomla All for Webmasters

Заев побара позитивна одлука за уставните измени, седницата продолжува утре

Вашата позитивна одлука тука во Собранието денеска ја приближува Македонија до членството во НАТО, до моментот кога македонското знаме гордо ќе се вее на јарболот во Брисел со знамињата на останатите земји-членки, но исто така и ја прави извесна можноста во јуни да ги отвориме првите поглавја во преговорите со Европската унија, кои треба да ги затвориме во 2025 година.

 

Ова го порача вечерва премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, обраќајќи им се на пратениците на 75. седница на која се расправа за уставните измени во трета фаза, за што е потребно двотретинско мнозинство.

 

Претседателот на Собранието по екпозето на Заев за утре ја одложи расправата за уставните измени. Седницата ја закажа за 13 часот.

– Вашата одлука е меѓу овие два избора, големината на оваа историска одлука треба да ја препознаеме сите. Вашиот глас е глас за полноправно членство на земјата во НАТО за помалку од една година, вашиот глас ја става земјата во семејството на ЕУ, нагласи Заев и додаде дека секој глас „против" е всушност глас за изолација и нова политичка криза.

Да ги кренеме главите и да се издигнеме над поделбите, им порача Заев на пратениците, додавајќи дека пред нас се белите страници на нашата иднина.

 

-Наместо со горчина и гнев денеска да ги испишуваме овие страници со надеж, заедништво, солидарност за нашата заедничка, граѓанска и македонска држав, нагласи Заев и додаде дека одговорност на пратениците е да им обезбедат на граѓаните да живеат во стабилна заедничка и економски просперитетна држава.

-Денешниот ден и вашата одлука на крајот на седницата е става поблиску до чинот кога ќе го потпишеме протоколот за пристапување во НАТО, посочи премиерот и истакна дека Македонија ќе биде 30.членка на Алијансата, а Грција ќе биде прва која ќе го побара тоа.

Потсети дека на 17 јуни лани во Преспа беше потпишан документ со кој се означи крај на неизвеноста, која се закануваше да оди во недоглед.

-Изнајдовме достоинствено и прифатливо решение за двете страни, нагласи Заев. Со целиот овој процес, посочи, за затвора прашањето дали постои македонски народ и дали зборуваме на македонски јазик, а се отвораат и перспективите за секоја нова идна генерација.

-Имаме кристална и недвосмилена потврда за македонскиот идентитет, Македонец, Македонка, Македонци, како дома, така и во странство преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Македонски идентитет за севкупна употреба. Конечно Грција повеќе не го оспорува нашето право за самоопределување, нагласи премиерот.

 

Истакна дека во целиот процес никому ништо не сме му подариле, ниту некој на некого нешто одзел кога била договорена географската одредница.

– Процесот треба да заврши со измени на Уставот, што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство. Тој свечен чин ќе биде кулминација на сите наши напори за израз на нашата посветеност да најдеме решение. Се издгигнавме над стравот  за да обезбедиме безбедна и спокојна иднина, да ги обезличиме манипулациите, да ги отфрлиме ѕидовите, да го потврдиме ова историско решение. Целиот демократски свет, сите наши пријатели, партнери и поддржувачи порачаа дека договорот не извлекува од минатото и ја потврдува нашата европска иднина, додаде тој.

 

Изрази благодарност до коалициските партнери, ДУИ, ДПА, Беса на Африм Гаши, осумте пратеници ос ВМРО-ДПМНЕ, кои покажале конструктивност во целиот процес за разлика од останатите пратеници од македонскиот опозициски блок.

Се заблагодари и на Алијансата за Албанците  и на партијата БЕСА на  Биљал Касами.

Преку овие пратеници, како што рече Заев, се подобрил новиот Устав  во функција на едно општество за сите, „ затоа што и покрај тоа водеа грижа за разбирањето на македонската етничка заедница  од нашата заедничка Македонија."

-Очекувам дури и конечните одлуки од БЕСА на Биљал Касами ќе останат позитивни токму во овој фокус, рече Заев.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.