Кавадарчани ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне водата во цевките

Кавадарчани ги оставаат чешмите да течат за да не замрзне водата во цевките во зимски услови и минусни температури, засега благо е зголемена потрошувачката на вода за пиење во Кавадарци.

 

Оваа информација за МИА ја потврди Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец“.

 

– Како по обичај, тоа се прави во овој период од годината. Апелираме до кавадарчани да не го прават тоа и понатаму. За да не ја зголемуваат потрошувачката на вода за пиење, нагласи Атанасов.

 

Додаде дека засега и покрај врнежите од снег и ниските температури, немаат проблем со пукнати цевки во водоводната мрежа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.