Избрани најубаво украсените дворови и балкони во Охрид

Дворот и куќата на Марјан Шапкароски се прво наградени на конкурсот што Општина Охрид го објави за најубаво новогодишно украсен двор или балкон. Тој од општината доби ваучер од десет илјади денари.

 

Второто место му припадна на Ванчо Кркулески, додека трето наградена е Јована Бандилова. Тие добија награден фонд од по шест, односно четири илјади денари.

 

Наградите и признанијата денеска им ги врачи секретарот на општина Охрид Игор Бежоски.

 

Општина Охрид ја продолжи традицијата и петта година по ред распишува конкурс за најубаво украсен двор или балкон за новогодишните и божикните бразници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.