All for Joomla All for Webmasters

Круемади: Изгласувањето на уставните измени придонес за мирот во регионот

Лидерката на третата по големина албанска политичка партија, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент, оценувајќи го тој чин како придонес за зајакнувањето на мирот и безбедноста во регионот.

Го поздравувам резултатот од гласањето во Парламентот на соседна Македонија за името, според Преспанскиот договор. Ова е позитивен развој кој го отвора патот на земјата за членство во НАТО и во ЕУ. Директен придонес во зајакнувањето на мирот, безбедноста и соработката во регионот. Ја поздравувам и ја ценам многу позитивната улога на албанскиот фактор во овој историски развој, напиша Круемади на Твитер.

Усвојувањето на уставните измени ги поздрави шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, кој меѓу друго, оцени дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

И лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент и оцени дека овој чин на висока политичка одговорност е историски чекор за консолидирање на регионот.

– Најдобри желби за Северна Македонија.Северна Македонија сега во НАТО и многу поблиску до Европската унија и Западот. Ова е големо достигнување, надминување на тешкотиите и големи пречки, создадени од внатре и надвор од земјата, од оние кои сакаа да ја втурнат кон Истокот, оцени поранешниот шеф на албанската дипломатија, Тритан Шеху.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.