Кривична пријава против прилепчанец за закани на Фејсбук

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на М.С. (40) од Прилеп, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност"од Кривичниот законик на Република Македонија.

 

Како што соопшти МВР, на 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., стои во соопштението на МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.