Седници на две собраниски комисии

 Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

 

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија, доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров.

 

Оваа граѓанска иницијатива ќе ја разгледуваат и членовите на Законодавно-правната комисија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.