Нови возила за комунален отпад во општините Демир Хисар и Крушево

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево.

 

Возилата се обезбедени со средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа и преку Бирото за регионален развој.

 

– Со овој проект се придонесува кон заштитата на животната средина во овие општини, а индиректно и во целиот Пелагониски регион. Возилата поседуваат технички карактеристики приспособени на потребите на комуналните претпријатија на општините Демир Хисар и Крушево и се во согланост со европските стандарди за извршување комунални услуги. Вкупната вредност на проектот изнесува 6 милиони денари од кои 5,4 милиони денари се средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, а општините Демир Хисар и Крушево кофинансираа во проектот со по 303.184 денари, соопштија од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.