ВМРО-ДПМНЕ: За скандалот со вакцините веднаш одговорност да поднесат надлежните

Здравствениот систем е во тотален хаос. Скандалот со вакцините што ја потресе јавноста е дното на оваа власт.

 

Недозволиво е да се пронајдат 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба и потоа само да се повлечат од 11 впунктови за вакцинирање во земјата.

 

Во ек на прогласена епидемија и тоа токму од министерот за здравство, Венко Филипче излегува на виделина информација дека има вакцини со изминат рок на траење.

 

Прашуваме какви казнени мерки ќе бидат преземени? Кој е одговорен? Дали и на колку деца им се дадени вакви вакцини?

 

Зошто надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст упорно тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит – МРП имаат валиден рок на употреба?

 

Почитувани,

 

За овој скандал треба веднаш одговорност да поднесат сите надлежни. Прво, одговорност мора да поднесе министерот за здравство, Филипче. Како е можно личност која е на ваква функција да дозволи макар и да проструи ваква информација? Во прашање е нешто што може да го загрози  животот на децата.

 

СДСМ и Филипче уште еднаш докажаа дека единствено се борат само за свое лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е направено во здравствениот систем.

 

Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија. Граѓаните по овој тежок скандал со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.