СДСМ: Пропустите кои ги направи ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат, но штетите се санираат со брза акција на здравствените институции

ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше здравството, внесе недовреба со паралелниот увоз, а денес со лажни вести се обидува да шири неоснована паника.

 

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години системски го уништуваше здравствениот систем во земјава и ги понижуваше лекарите и пациентите, денес продолжува да шири лажни вести со цел да предизвика неоснована паника меѓу граѓаните.

 

Епидемијата на морбили што се појави е ставена под контрола. Денес се употребуваат проверени и сигурни вакцини, едни од најдобрите произведени и увезени од Белгија.

 

Граѓаните се навремено и точно информирани, единстевно врз основа на факти и медицински докази.

 

Лошото  управување со здравството, неквалитетните лекови во земјава што ги внесуваше тогашното раководство на  ВМРО-ДПМНЕ, силно влијаеше на губењете на општата довербата на граѓаните кон  здравствениот систем.

 

Падот на опфатот на имунизацијата е директна последица од загубената доверба на граѓаните кон здравствениот систем.

 

Со доаѓањето на владата предводена од СДСМ веднаш се смени законот за лекови и медицински средства. Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Нема повеќе неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа.

 

Пропустите кои ги направи ВМРО ДПМНЕ во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на надлежните здравстени институции.

 

Владата предводена од СДСМ гради современ, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.