Московски весник: Со уставните измени во Македонија, отворен и е патот во НАТО и ЕУ, но и за автокефалност на МПЦ

Со усвојувањето на уставните измени во Скопје, со кои е променето името на државата во Република Северна Македонија, на оваа држава и се отвораат вратите на патот кон НАТО и ЕУ, пишува московскиот весник Комерсант.

 

Објаснувајќи ги уставните измени донесени во македонското Собрание и јавувањето на потешкотиите во грчката Влада и во Парламентот, Комерсант повикувајќи се на неименуван европски дипломатски извор на Балканот, пишува дека НАТО веќе во февруари планира да го потпише протоколот со Скопје за влез и дека по ратификацијата на сите членки на Алијансата, Македонија ќе стане 30-та држава членка.

 

-Не е изненадувачки што усвојувањето на уставните измени беше поздравено во НАТО, ЕУ и САД, нарекувајќи го овој настан „историски”. Руското Министерство за надворешни работи претходно овој процес го нарече „валкана манипулација”, оценувајќи дека неопходните гласови во македонското Собрание се обезбедени со уцени, закани и поткуп на пратениците од опозицијата, пишува весникот.

 

Комерсант оценува дека усвојувањето на уставните измени може да има уште една последица, важна не само за таа балканска држава, додавајќи дека, според мислењето на регионалните експерти, тоа може да влијае и врз доделувањето на автокефалност на Македонската православна црква.

 

Весникот, исто така, наведува дека повеќето балкански експерти се убедени дека Западот ќе го поддржи договорот со Македонија во грчкиот Парламент. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.