Почна зимската школа „Библиоарт" во Штип

Почна  зимската школа "Библиоарт" за 44 ученици од штипските основни и средни училишта, која што веќе втора година ја организира Националната установа универзитетска Библиотека (НУУБ) „ Гоце Делчев" во Штип. 

 

Вилма Јованова вработена во НУУБ „Гоце Делчев" вели дека годинава учениците имаат  корисни активности од областа на литературата со пишување лични творби на различни теми, посета на повеќе институции од културата во градот, како и запознавање на своите права.

 

– Во секој момент учесниците ќе имаат ангажмани. Меѓудругото ќе имаат средба и со заменик народниот правобранител, од кого ќе се запознаат со детските права. Ќе има кратки едночинки, и забава со караоке шоу, вели  Јованова.

 

Поетесата Цвета Спасикова е поканета како поет и автор на драмски текстови. – Ги подучувам учениците, за тоа како се пишува поезија, но и проза, рече Спасикова.

 

Учениците се задоволни од овој вид активен зимски одморНа овогодишната зимска школа учествуваат 44 ученици од сите штипски деветолетки. Школата ќе трае до крајот на неделата. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.