Температури под нулата, најстудено во Битола

Во Македонија утринава освен во Гевгелија и во Дојран е студено со температури под нулата. Најстудено е во Битола каде во седум часот се измерени -12 степени.

 

Во Петровец кај Скопје измерени се -11 степени, во Лазарополе -9, во Крива Паланка, Маврово, Штип и Демир Капија -8, во Тетово, Куманово и Берово -7, во Прилеп и Охрид -6, во Пожаране и Струмица -4, а во Претор и Зајчев Рид во Скопје -1 степен. Во најјужните градови Гевгелија и Дојран измерени се два степена.

 

Најмногу снег досега има во Маврово – 70 сантиметри, а најмалку во Крива Паланка само еден сантиметар. На Попова Шапка се измерени 14 сантиметри снег, а во Берово осум сантиметри.

 

 Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.