Владата на седница ќе разгледа повеќе Предлог-програми од економијата и спортот

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 115. седница на која ќе биде презентиран Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а ќе разгледа и повеќе Предлог-програми и годишни планови на државни институции.

 

Владата, како што информираат од прес- службата, ќе се произнесе за Предлог – програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, за Информацијата во врска со донесувањето на програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата, а ќе ја разгледа и Предлог-програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2019 година.

 

На дневен ред на владината седница се и Годишната програма со финансискиот план за 2019 година на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и Годишната програма на Агенцијата за планирање на просторот. На владината седница, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе ја презентира Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2019 година, а Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе ги презентира Финансискиот и Годишниот план за оваа година.

 

Министрите ќе ги разгледаат и информациите за Проектот за самовработување со кредитирање, Проектот за кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места, Проектот за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години и Проектот за кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години со Предлог-измените на Одлуката за формирање на Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“ на Агенцијата за вработување.

 

Владата ќе се произнесе и за Предлог-програмата за развој на спортот и младите во 2019 година и Предлог-програмата за распределба на средствата од игрите на среќа и забавни игри за финансирање на  националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт.

 

На седницата, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ги презентира Предлог – годишната програма за заштита на природата, Предлог-програмата за унапредување на животната средина и Предлог – годишната програма за финансирање на изработка на просторен план на Република Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.