25% од кавадарчани и росоманци пијат хигиенски исправна вода

Градот  Кавадарци, селата приклучени на градскиот водовод Лукар и селата со локален водовод каде се врши хлорирање на водата, со вкупно 40.740 жители или 95 проценти од вкупното население во кавадаречка и росоманска општина, редовно се снабдуваат со хигиенски исправна вода за пиење, додека кај пет отсто од населението или за 2.142 жители водоснабдувањето е ризично, преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари.

 

Ова го покажува извештајот од следењето на состојбата со водоснабдувањето и квалитетот на водата за пиење во двете општини за минатата година.

 

​-Јавната здравствена установа – Центар за јавно здравје Кавадарци врши испитување на исправноста на водата за пиење како од градскиот водовод Лукар, така и на сите останати водоводни објекти ( локални селски водоводи, чешми и бунари) во општините Кавадарци и Росоман, за МИА појаснува раководителот, доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена.

 

​Во текот на 2018 година  биле испитани вкупно  547 мостри на  вода за пиење.

 

-​Од нив,  409 мостри се испитани од градскиот  водовод Лукар (градска мрежа,стопански организации и села приклучени на градскиот водовод). Сите се како физичко-хемиски,  така и бактериолошки исправни, односно водата е безбедна за пиење, информира Ризов.

 

​Околу 96 мостри од вода за пиење земени од селските локални водоводи од кои само кај неколку се врши дезинфекција на водата односно хлорирање, а останатите се оставени сами на себе , покажуваат голема бактериолошка неисправност и тоа од 60   до 90 проценти.

 

​-Кај останатите 58 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажува исто така висок процент на бактериолошка неисправност од 70  до 80 отсто, соопштува Ризов.

 

​Тој појаснува дека кај бактериолошки неисправните мостри на вода се изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, најчесто ешерихија коли и колиформни  бактерии,  предизвикувачи на цревни заразни заболувања, додека физичко-хемиската неисправност е поради тоа што кај најголем број на локалните водоводи,  не се врши хлорирање на водата.

 

Докторот  препорачува да се изврши асанација на сите локални селски водоводи и да се спроведе редовно дезинфекција, односно хлорирање на водата, за да се добие безбедна вода за пиење и кај ова 5 отсто од населението.

 

Ризов е раководител на подрачната  единица на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Велес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.