Штип лани спровел 68 тендерски постапки

Општина Штип минатата година има спроведено вкупно 68 тендерски постапки, од кои 22 се до пет илјади евра, 27 се над пет илјади евра и 19 се отворени постапки, презентираше на денешната прес-конференција Драган Ристов, лице за односи со јавност во Општина Штип.

 

Најголем дел од постапките се за потребите на тековно функционирање на Општина Штип, како што се набавка на моторни бензини и дизел горива, материјали за разни поправки и тековно одржување, превоз на ученици кои учат во средните училишта во Општина Штип, изработка на проектна документација и ревизија на проектна документација, услуги од областа на геодетските работи, ревизија на урбанистичко – планска документација, надзор над изведба на градби од втора категорија.

 

-Како позначајни постапки ги издвојуваме следните, набавка на услуги – изработка на инфраструктурен проект и на идеен и основен проект за секундарна гасоводна мрежа, изработка на ГУП на град Штип, изградба на платформа за паркирање кај Трговскиот центар , изградба на крстосница кај Алумина и врска меѓу булевар „Гоце Делчев“ и улица „Партизанска“ (делница до фабрика Баргала), потоа изградба на пристапен пат  во викенд населба, поставување на јавното осветлување во населбите Баби, Блок 2000 и Сењак 3, изградба на тротоар во Кампус 4, вели Ристов.

 

Тој забележа дека во текот на 2018 се спроведени повеќе постапки за обнова на асфалт, реконструкција и изградба на улици во Општина Штип, а планот за јавни набавки на општината за 2019 година е донесен и во тек е подготвување на тендерски постапки, што континуирано се спроведуваат секоја година и се однесуваат на тековно функционирање на општината. Во тек се десетина постапки од кои и дел за градежни зафати како што се тротоари и улици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.