Кумановското „Чистота и зеленило“ бележи благо зголемување на наплата кај правните лица

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ најави проверка на податоците на задолжените правни и физички лица кои ги користат услугите на претпријатието, со цел да се зголеми наплатата за услугата за изнесување на смет.

 

Според податоците на претпријатието во 2018 година во кој не се вметнати податоците од декември, се зголемила наплатата кај правните лица, додека благо е намалена кај физичките лица. Вкупно минатата година наплатени се 71 милион и 352 илјади од кои 27 милиони 797 илјади денари платиле правните лица и 43 милиони и 554 илјади денари платиле физичките лица. Во проценти наплатата кај правните лица изнесува 67, а кај физичките 76,5 проценти. За споредба во 2017 година наплатата кај правните изнесувала 54, а кај физичките 78,9 отсто.

 

– Ќе направиме пресек за да видиме колку може да се наплати, ќе се води постапка за точно увтрување на износот кој треба да го плаќаат, што се одредува според метар квадратен. Секако на граѓаните им стои можност за плаќање на рати на заостанат долг, на 12 месечни рати со одлука на управен одбор, се додека не се презмат мерки за извршување, изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.

 

Што се однесува до правните лица .од претпријатието велат дека имаат проблеми и покрај тоа што поднеле тужби за ненаплатен долг, бидејќи дел од претпријатијата се затвараат.

 

За да се зголеми бројот на корисници, претпријатието врз основа на веќе добиени податоци од населението од месните заедници од приградските населби кои се вон градежниот опфат на Куманово и со кои веќе претпријатието склучува посебни договори, ќе го смени начинот на функционирање и ако се донесе одлука на советот ќе отпочне со задолжително изнесување на смет и во тие населби, за што опфатените ќе плаќаат за таа услуга.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.