Штипски „Исар“ ќе доставува нови тужби за неплатени сметки за вода

Домаќинствата и фирмите кои имаат долгови кон штипското комунално претпријатие „Исар“ најдоцна до утре треба да  си ги подмират или можат да  склучат договори за плаќање на рати.

 

Соња Лонгурова финансов менаџер во ЈП „Исар“ вели дека опомените се доставени до граѓаните и фирмите, а пресметките покажуваат дека со декември 2018 година долгот на домаќинствата изнесува 25 милиони, а на фирмите 22 милиони денари. На наплатните пунктови на ЈП „Исар“ деновиве може да се забележи и поголема редица од граѓани, кои си ги подмируваат сметките за вода, со што се намалува и нивниот долг кон ова комунално претпријатие.

 

-Само од почетокот на годината „Исар“ има поднесено околу 500 тужби на сите оние, кои  со месеци неплаќале. Во тек е изготовка на нови околу 200 тужби, со што бројот на тужени во првиот месец од годинава би можел да достигне до 700, вели Лонгурова.

 

„Исар“ има и дополнителни 88 милиони денари стари побарувања за коишто се водат судски спорови или веќе има извршни решенија. Околу 75 отсто од граѓаните и фирмите во Штип редовно си ги плаќаат сметките за вода. Во Штип има 15.600 водомери, а комуналното претпријатие  месечно фактурира од  16 до 17 милиони денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.