Повреден стружанец во кафетерија во Струга

Педесетгодишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди по напад од негов сограѓанин во угостителски објект во Струга.

 

СВР Охрид соопшти дека вчера 30 минути по полноќ во угостителски објект лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир.

 

-Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди што му биле констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално, а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

По целосно документирање на настанот, Полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.