Преку проект на УНДП Крушево ќе изработува инфраструктурни проекти

Преку проектот „Подобрување на општинските услуги“ на Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП), општина Крушево ќе изработи инфраструктурни и основни проекти за обиколница, пат од манастирот Св. Преображение до местото викано Ручало и за дел улици во градот.

 

Како што информира крушевскиот градоначалник Томе Христоски, за изработката на проектите се обезбедени 30 илјади евра од оваа програма, со што ќе почне решавањето на еден од главните инфраструктурни проблеми во градот.

 

-Преку овој проект започнуваме со процесот на решавање на дел од клучните инфраструктурни проблеми на Крушево, но и опфаќаме дел од туризмот со изградба на проект за изградба на патот кон врвот Мусица и проект за обиколница. Проектите за делови од улици, се однесува на крушевските улици „Киро Фетак“, „Питу Гули“, „Нико Доага“, „Партизанска“. По ова следува да изнајдеме извори на финансирање преку кои ќе се имплементираат проектите што ќе се изработат, вели Христоски.

 

За потребите на проектот УНДП веќе објави јавна набавка и повик за прибирање понуди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.