По четири децении чекање, кавадарчани од неколку улици нема повеќе да газат кал

По три, четири децении чекање, кавадарчани од неколку улици нема повеќе да газат кал, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, зборувајќи за се она што е направено во изминатата година.

 

-Една од тие улици е "Бабуна". По триесетгодишен имотно – правен спор, луѓето од тој дел добија комплетно асфалтирана улица за да не газат кал. Слична е и ситуацијата со улицата „Лазо Асијата", покрај турските гробишта. Таму направивме улица, каде луѓето 35 години немале пристап со возило, појасни Јанчев.

 

Како трета улица која била проблематична во минатото, а сега проблемот е надминат,  ја спомена  „Орце Николов", во новиот центар на градот.

 

Јанчев, меѓу другото, се осврна и на активностите околу Западен булевар. Со четири ленти и два тротоара, Кавадарци во март месец ќе добие репрезентативен влез во градот.

 

Градоначалникот ја поздрави работата на Јавното претпријатие „Комуналец", кое со сопствени средства, изминатата година реконструирало повеќе од десет илјади метри водоводна и канализациска мрежа. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.