Утре е Крстовден, направете го ова за да бидете здрави цела година!

Утре се празнува големиот Христијански празник, Крстовден.

 

Зимскиот Крстовден никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.

 

Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Крстовден и на Богојавление се осветува вода.

 

Светата вода од Крстовден се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата.

 

Крстовден е ден кога мора да се опуштите и да се подготвите за Богојавление. Тоа е време кога треба да престанете да посветувате внимание на неважни мисли иозборувања. Свештениците велат:

 

-„Не ставајте ја премногу при срце грижата за цел свет, уживајте во својот мир и живејте со Бог“.

 

Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави!"

 

Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.