Голем интерес на прилепчани за фаќање на крстот на Богојавление-Водици

Прилепското намесништво ги завршува подготовките за чествување на големиот празник Богојавление-Водици. 

 

Според отец Благоја Станкоски голем е интересот на прилепчани кои ќе учествуваат на празникот Богојавление-Водици за да го фатат светиот крст кој в сабота напладне ќе се фрла во водите на Аква паркот во комплексот на прилепскиот хотел „Салида".

 

– Изутрината од 4 часот во сите прилепски православни храмови ќе се служи божествена литургија, а напладне во Аква паркот е традиционалното фрлање на светиот крст. Пријавени се 98 прилепчани што е за 30-ина повеќе од лани. Во намесништвото имаме пријавени од сите возрасти. Најмладите, девојка и момче, имаат по 13, односно 15 години, а највозрасниот е 50-ина години. Најсреќниот црквата го наградува со икона „Крштение Исусово", објаснува Отец Станкоски, нагласувајќи дека може и други да се пријават пред самиот чин на фрлањето на крстот в сабота на Богојавление-Водици.

 

Најсреќниот преилепчанец ќе добие подароци и од прилепската локална самоуправа.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.