СДСМ: Законот за јазици е во согласност со амандманите на Уставот од 2002 година

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски продолжува да сее омраза и поделби меѓу граѓаните со што дејствува против концептот едно општество за сите.

 

Лажна е веста на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се вработуваат дополнителни лица од албанска или каква било националност во државните институции. Согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, ќе биде формирана Централна агенција којашто ќе ги опслужува општините и институциите во населените места каде што мнозинството граѓани се Македонци.

 

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2002 година и истиот не ја влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.

 

Владата на Република Македонија го заштити и обезбеди македонскиот јазик засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат и тој ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО и ќе биде рамноправен со јазиците на останатите земји членки.

 

Македонците и сите граѓани на Република Македонија да бидат спокојни и да ја одбијат омразата што ја шири ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се гради како едно општество чекори кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО и нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.

 

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ставија крај на поделбите, крај на блокадите и одбраа иднина во НАТО и ЕУ како општество на еднакви граѓани.

 

Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.