ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја урниса економијата

СДСМ ја урниса економијата донесе сиромаштија и иселување на младите од земјата. Економскиот раст на земјава е најнизок во регионот во период кога светската економија е во својот подем.

 

СДСМ ветуваше раст од 5 % годишно, сега две години откако управуваат со државата, растот е околу нула. Според годишниот извештај Global Prospects на Светска Банка го проектира растот на економијата на само 3,3 % до 2021, а не 5 % како што лажеше СДСМ.

 

Граѓаните се се посиромашни. Нема просечна плата од 500 евра, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема 600 километри автопати, ниту поврат на ДДВ од 15% за граѓаните.

 

Инвеститори нема, туку само празни најави на СДСМ дека сега откако се смени името на земјата ќе имало навалица на странски инвеститори. Го нема ниту Гугл, ниту Мајкрософт.

 

Оваа Влада ја урниса државата по сите основи независно судството скоро и да нема додека корупцијата цвета. Ова го покажува меѓународниот индекс на транспарентност според кој перцепцијата за корумпираност во државава е највисок во регионот.

 

Се што било градено со години СДСМ го сруши за две години. Само системот едно евро за Вицето функционира беспрекорно и криминалните тендери и сомнителни набавки за кои има скандали скоро секој ден.

 

СДСМ мора да си оди од власт што поскоро, ова агонија мора да престане. Бесрамното лажење и купи ден продај политика не може да биде основа за градење на здравно општество и силни институции. Македонија мора да биде ослободена од оваа темнина. Граѓаните заслужуваат подобро утре и подобар живот а тоа единствено ќе се случи кога СДСМ ќе си замине од власт.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.