Планот за крводарување во 2018 година во Кочани реализиран 80 отсто

Планот за крводарување во 2018 година во Кочани е реализиран 80 отсто, со што општинската организација на Црвениот крст е меѓу поуспешните во државата.

 

Во рамки на доброволните акции, реализирани во изминатиот дванаесетмечен период, собрани се 1.004 единици со крв од сите крвни групи.

 

-Во текот на минатата година спроведовме вкупно 20 акции за крводарување, од кои 12 во нашите простории, а останатите на терен, односно во средните училишта и во јавните институции во општината. Освен тоа, во вкупниот број на собраните крвни единици ги вклучуваме и оние што педесетина наши сограѓани ги дарувале во болниците во Штип и Скопје. Задоволни сме од одѕивот на крводарителите, особено поради фактот што околу една четвртина од нив за првпат се вклучија во овие активности и очекуваме да станат редовни учесници, истакна Анета Коцева, секретар на Црвениот крст од Кочани.

 

Веќе е донесен планот за крводарување за оваа година, според кој, ќе биде задржан истиот број акции што ќе се организираат, со можност дел од нив да се спроведат во соработка со месните заедници од рурапните општини.

 

Според евиденцијата на општинскиот Црвен крст, на територијата на трите општини Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево регистрирани се околу 700 поактивни крводарители, меѓу кои има и петмина рекордери кои крв дале над сто пати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.