Универзален снабдувач со електрична енергија ќе се избере најдоцна до февруари

 

Изборот на универзален снабдувач со електрина енергија ќе заврши многу порано отколку што е планирано со Законот за јавни набавки, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

 

Како што најави Регулаторна, во текот на наредната недела ќе се знае кога ќе почне аукцијата и кога ќе заврши целиот процес, но се очекува да заврши многу порано од рокот од 80-тина дена што беше определен по објавувањето на понудите на 13 декември минатата година.

 

Аукцијата ќе се стартува од најниската понуда од 14,4 проценти што првично ја даде ЕВН Снабдување.

 

Претседателот на РКЕ посочи дека засега нема голема заинтересираност од снабдувачите за понуди за домаќинствата иако целосната либерализација на пазарот на електрична енергија започна од 1 јануари годинава.

 

Основна причина за тоа  е зголемувањето на цените на регионалниот пазар на електрична енергија. Имајќи во предвид дека домаќинствата во овој момент имаат цена од 73 до 74 евра за мегават час додека на слободниот пазр како и на регионалниот пазар само набавната цена без вклучување на мрежарините е околу 70-тина евра, апсолутно нема интерес кај снабдувачите да нудат нешто што од напред се знае дека би било далеку поскапо.

 

Бислимовски очекува дека со паѓањето на цените на пазарите, особено на регионалниот пазар, снабдувачите ќе покажат интереси да понудат пакети за домаќинствата.

 

Посочи дека снабдувачите генерално во моментов се насочени кон комерцијалните потрошувачи каде, како што кажа, реално ќе има намалување на нивните трошоци за електрична енергија.

 

-Корисниците кои редовно ги плаќаат своите сметки на ниту еден начин нема да бидат оштетени со новите правила за снабдување со електрина енергија, бидејќи не е фер коректните потрошувачи да го поднесат товарот за оние кои што биле исклучени од системот. Како и да решиме за исклучените потрошувачи, тоа нема да биде на товар на останатите потрошувачи, потенцира Бислимовски. 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.