Скопјанец преку „Фејсбук“ им се заканувал на пратеници и ширел расистички материјал

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземени мерки за споделената објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на 49-годишен И.Ј. со која тој предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и ширел расистички и ксенофобичен материјал.

 

Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

 

Од МВР истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Се повикуваат и граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.