Хуманитарниот светиниколски турнир собра 181.000 денари за децата заболени со ретки болести

Прилеп им ги додели наградите на пионерските екипи кои освоија прво, второ и трето место на традиционалниот хуманитарен турнир во мал фудбал  „Свети Никола 2018“, што се одржа во декември во чест на патронот на градот свети Никола.

 

Првото  место го освои екипата на „Конфекција Кули“ генерација 2005/2006, второто место е за екипата „Генерација 2006“. Од „Генерација 2007/2008“,  првото место го освои екипата на „Хримакс“, а второто место екипата на „Кабелнет“.  Од „Генерација 2009“, првото место и припадна на екипата „Теко Солар“, а второ место на екипата „Ламасиа“ од Охрид.

 

Наградите на најдобрите екипи им ги додели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на денешната свеченост во големата сала на Општината, нагласувајќи дека турнирот ја исполни целта за натпреварот меѓу младите и да ја покаже хуманата страна.  Имено, на хуманитарниот турнир се собрани 181.000 денар, наменети за лицата со ретки болести, поточно за децата со цистична фиброза. Средствата ќе бидат доделени на 28 февруари, на денот на лицата заболени од ретки болести.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.