Христијан Митрески го фати крстот во Кичево

Христијан Митрески од Кичево го фати крстот во осветените води на градскиот базен во Кичево. Митрески досега два пати учествувал на оваа манифестација, а денеска среќата му се насмевна по прв пат.
 
Го фаќам крстот прв пат и сфаќам дека ова не е случајно бидејќи оваа година и се вработив во АРМ. Имам 21 година, изјави Митрески, кој им посака здравје и среќа за сите верници.
 
Во осветените води на градскиот базен во Кичево скокнаа околу 36 верници.
 
 
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари подари четири златни крста за Кичево, Другово, Белица и Цер каде се одвива овој верски обред.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.