ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност е штетен и ќе има несогледливи последици

Одговорност за шверцескиот начин на кој СДСМ го објави Законот за двојазичност мора да има. Законот за двојазичност е штетен и ќе има несогледливи последици по Република Македонија.

 

Законот беше изгласан насилнички и недемократски и на ист таков начин беше објавен во Службениот весник без потпис на претседателот Иванов, спротивно на Уставот, Законите надвор од сите процедури.

 

Токму поради оваа причина ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ.

 

Правната држава и владеењето на правото се основните постулати на една демократска држава. Јавното обвинителство мора да се ослободи од политичките притисоци и веднаш да постапи по овие кривични пријави, а доколку не постапи станува соучесник во целиот процес.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.