Сашо Серафимовиќ од Старо Нагоричане го извади крстот од водите на Пчиња

Сашо Серафимовиќ од село Старо Нагоричане го извади крстот од водите на Пчиња кај село Драгоманце во општина Старо Нагоричане.

 

Тој беше најсреќен од 17-те момчиња кои скокаа по крстот во реката Пчиња на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление-Водици.

 

Градоначалничката на општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска на Серафимовиќ му подари телевизор, а на останите учесници им подари пригодни подароци. Освен од општината Серафимовиќ доби подароци и од црквата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.