Делегација на Комисијата за европски прашања на Конференција во Букурешт

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во чиј состав се Јагода Шахпанска, Агим Шаќири и Жаклина Пешевска, денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија (КОСАК) во Букурешт, Република Романија.

 

На Конференција, како што информираат од Собранието, свои воведни обраќања ќе имаат претседателот на Романскиот сенат, Калин Попеску Таричану, како и претседателот на Претставничкиот дом, Ливију Драгнеа.

 

Се очекува дебата за реализацијата на приоритетите на Романското претседателство со Советот на Европксата Унија, за предизвиците и можностите на Европската Унија во 2019 година, како и за поголема кохезија и конвергенција преку инструментот на Мултилатералната финансиска рамка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.