Македонија ќе го потпише Протоколот за НАТО на 6-ти февруари

В среда во седиштето на НАТО во Брисел, Македонија ќе го потпише Протоколот за пристапување кон НАТО.

 

На церемонијата протоколот ќе биде потпишан од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во присуство на амбасадорите на земјите членки на НАТО.

 

По потпишувањето на Протоколот тој мора да биде ратификуван од секоја од 29-те членки, а се очекува прва да биде Грција, која, според некои извештаи, ќе го стори тоа на 8 февруари.

Ако се оди според планот, министероката за одбрана на Македонија Радмила Шекеринска ќе учествува за прв пат на министерскиот состанок на НАТО на 13 февруари, но без право на глас, додека Македонија не стане полноправна членка на Северноатлантската алијанса.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.