All for Joomla All for Webmasters

Почина писателот Методија Фотев

По кусо боледување, утрово почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев, информира Друштвото на писатели на Македонија.

 

Фотев, роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско, беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат" (1966), „Селани и војници" (1969), „Големите скитачи" (1970), „Неплодна вода" (1978), „Вивариум" (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор" (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври", „13 Ноември", „Рациново признание".

 

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.