Противпожарните возила во Македонија и Скопје се со просечна старост од 27 години

Триесет територијални единици во Македонија поседуваат 220 противпожарни возила чија просечна возраст е 27 години, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации.

 

Од вкупно 220 возила 154 се произведени во минатиот век. Најстарите се од 1966 година што ги поседуваат Струмица од марката „фап 13“ и Валандово од марката „там 5500“.

 

Од Центарот прават споредба наведувајќи дека министерствата и општините имаат на располагање 2645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило. Притоа, за разлика од патничките возила кои главно се купуваат од буџетски пари, значаен дел од специјалните противпожарни возила се добиени како донации.- Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29 отсто се од минатиот век, а 71 отсто се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години, наведуваат од Центарот. 

 

Во анализата е посочено дека согласно бројот на жители, очекувано, најмногу возила има територијалната единица на Град Скопје, 47 возила, просечно стари 26 години.

 

Базата на податоци на сите противпожарни возила е изработена врз основа на податоци обезбедени од секоја од 30-те територијални противпожарни единици, врз основа на доставено барање за информации од јавен карактер.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.