All for Joomla All for Webmasters

Завршува откупот на тутун во Струмичко

Најмногу уште десет тони тутун треба да биде откупен во наредните денови и со тоа целосно да заврши откупот за оваа сезона, информираат од Здружението на тутунопроизводители „Басмак" од Василево.

 

Еден месец пред официјалното завршување на откупот во Струмичко се откупени скоро 99 проценти од ланското производство односно околу два милиони килограми.

 

Според Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак", годинава откупот поминал добро, а тутунарите се задоволни од постигнатата просечна цена.

 

– Просечната откупна цена изнесува 215 денари за килограм тутун. Немаше никакви проблеми при откупот и тој течеше нормално, инфомира Трајков.

 

Лани во Струмичкиот регион е зголемен бројот на тутунопрозводителите во споредба со изминатите години. Според евидентните листови биле пријавени 2.750 производители на тутун односно за 150 повеќе.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.