Општина Кичево и годинава со поддршка на спортот и спортските здруженија

Општина Кичево објави повик за прибирање барања за користење средства од буџетот  за 2019 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи.
 
 
Поддршка ќе има за проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови, боречките спортови, проекти што влијаат кон подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците и за организирање традицонални спортски aктивности. За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од буџетот на општина Кичево за 2019 година и тоа во вкупен износ од 3 160 000,00 денари. Приоритет ќе имаат проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови, боречките спортови и за фудбалските школи.
 
 
Посебно ќе се помогне подигањето на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците на територија на општина Кичево.
 
 
За поддршка на спортисти и други активности за спорт и рекреација, во вкупен износ од 300.000 денари, преку програмски проекти за организирање традицонални спортски aктивности на територија на општината.
 
 
Спортските здруженија и екипи на кои ќе им бидат доделени средства согласно програмата за спорт и рекреација, по завршувањето на своите програмски активности ќе треба да достават извештај за користење на средствата до секторот за финансии на општина Кичево. Рокот за поднесување на пријавите е до 8 март ова година.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.