Во општините повеќе ќе се гради во однос на минатата година

Општините во декември минатата година издале вкупно 292 одобренија за градба, што претставува 13,6 проценти повеќе во однос на истиот месец во 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Од објектите што ќе се градат 331 се станови, чија вкупна корисна површина изнесува 37.669 квадратни метри. Најмногу од нив, речиси половината, ќе се изградат во Југозападниот регион, додека во Скопје само 38.

 

Инаку, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58,9 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14,4 %) за објекти од нискоградба и 78 (26,7 %) за објекти за реконструкција.

 

Од вкупно 292 објекти, на 185 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 објект инвеститори се деловни субјекти.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.