ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 13 загинати, а над 25 повредени во превртен автобус на излез од Скопје

13 патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, кога патнички автобус на компанијата „Дурмо турс“ со 50 патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел кај село Ласкарци, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

 

Според него, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките по неуспешните обиди да бидат реанимирани и спасени. Во скопската болница 8-ми Септември биле однесени 25 патници, а на скопските клиники петмина повредени.

 

Веднаш по несреќата, сите амбулатни возила на Здравствен дом Скопје и на болниците Систина и Неуромедика биле испратени на лице место.

 

Нема деца меѓу повредените, патниците биле на возраст од 25 години нагоре.

 

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој вечерва ги посети повредените, кажа дека автобусот возел на линија Скопје-Гостивар, а патниците биле главно гостиварци. Рече дека возачот на автобусот е жив и во релативно стабилна состојба, а Филипче кажа дека возачот дал изјава во полиција.

 

Автобусот преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

 

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. 

 

Неофицијално, според очевидци, автобусот излетал од патот поради пукната гума.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.