Се гради пристапна патека до училиштето „Тошо Арсов"

По замената на прозорците во штипското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов" од денеска почна и изградбата на пристапната патека до училиштето, но и до спортската сала, каде се реализираат голем број на спортски манифестации.

 

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека станува збор за решавање на долгогодишен проблем за жителите од населбите „8 Ноември" и „Автокоманда", кои до салата и училиштето мораа да одат по кал и без облежана патека.

 

Во овие неколку дена ЈП „Стипион 2011" работи на реализација на оваа пристапна патека. Се работи за инвестиција од 330.000 денари, со што јавното претпијатие и Општина Штип отпочнуваат да ги санираат сите вакви помали зафати што се голема потреба за граѓаните, рече Бочварски.

 

Во ООУ „Тошо Арсов" и околу него се инвестирани околу 9,5 милиони денари. Бочварски најави дека по завршување на пешачката патека на булеварот „Партизанска"  ќе се постави и „лежечки полицаец" за побезбедно движење на пешаците и на учениците што доаѓаат од населбата „Автокоманда".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.