СОС број за повици при несреќи на планина за безбеден авантуристички туризам

Воспоставувањето на телефонски број за СОС повици, во случај на планинска несреќа е нов почеток за развојот на планинарството, како рекреативен спорт од една страна и развој на планинскиот и алтернативниот туризам  како сериозна стопанска гранка од друга страна. Воведувањето на СОС бројот е суштински дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, и покрива пет општини, Охрид, Струга, Ресен, Дебрца и Вевчани, каде на повик, спасителната служба ќе одговори во разумно време.

 

Раководителот на Планинската Спасителна Служба, Додевски додаде дека во тек се градежните работи и за оформување на Центарот за спасување на планина, каде ќе се сместени и тренинг центарот и оперативниот центар.

 

Додевски истакна дека при крај е изработката на студијата за финансиска одржливот на овој проект, како и и концептот за организациска поставеност на службата, кои треба да бидат готови за  еден месец.

 

Претседателот на О.О. На црвениот крст од Охрид Сашо Точков, кажа дека сите оние кои што сакаат да уживаат во убавините на планината сега ќе може тоа да го направат без да стравуваат за својата безбедност.

 

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски истакна дека Охрид може високо да се позиционира на светската туристичка мапа доколку туристички пулсира во текот на целата година. Тој потенцира дека нема сериозен развој на планинскиот и алтернативниот туризам без зголемување на безбедноста при движење во планина, бидејќи бевме сведоци на неколку немили настани изминатите години на македонските планини.

 

 

Центарот ќе биде сместен во просториите од некогашната касарна, а кога истиот ќе почне да функционира, ќе биде тргнат префиксот 13.Овој национален проект финансиран исто така со средства од ЕУ се очекува да започне да функционира до летото 2020.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.