Реакција на Таравари за одземените надлежности во образованието во Гостивар

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари повторно остана без надлежности во образованието. Преку неговиот фејсбук профил тој изрази жалење за овој потег и за тоа ги обвини политичките опоненти од ДУИ.

 

– Со длабоко жалење ве известувам дека денес на Општина Гостивар повторно му се одзедоа ингеренциите во образованието. Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ, иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава, напиша Таравари.

 

Тој потенцира дека општинската власт и покрај лошите услови нема никаква повреда што води кон ваква  флагрантна одлука.

 

Градоначалникот Таравари побара лично премиерот да се заинтересира за овој случај бидејќи, како што наведува, тој ги нема вистинските информации.

 

Надлежностите на градоначалникот на општина Гостивар во делот на именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта му беа одземени лани овој период. По преземањето на локалната власт, Таравари ги смени речиси сите директори кои беа блиски со ДУИ. Тогашната министерка за образование и наука Рената Дескоска како образложение за тоа наведе дека градоначалникот не можел да воспостави законитост во работењето во делот на образованието. По речиси една година ингеренциите повторно беа вратени на локално ниво, а со тоа пак беа извршени промени на директорските позиции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.